488
Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе има обраќање во кое ќе ја претстави својата визија за надворешната политика на САД. Тоа го јави Ен-Би-Си повикувајќи се на извор од американската администрација.
Според ТВ-каналот, обраќањето ќе биде направено за време на претходно најавената посета на американскиот Стејт департмент, каде Бајден треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен.