363
Американскиот претседател Џо Бајден „нема намера“ да се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман на самитот на Г-20 следниот месец во Индонезија, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Бајден ќе ги „преиспита“ односите со Саудиска Арабија по намалувањето на квотите за производство на нафта на земјите од ОПЕК +, што ја фаворизира Русија, но „тој нема да дејствува набрзина“, додаде Саливан во изјавата за Си-Ен-Ен.