Бајден и Трамп се сретнаа во Белата куќа: Добредојде, добредојде назад

by Fokus

Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.

Јавноста очекуваше ова да биде непријатна средба, како за учесниците така и за сите кои ја проследија, но беше изненадувачки цивилизирана.

„Г-не избран претседател и поранешен претседател, Доналд, ти честитам и се надевам да имаме непречена транзиција. Правиме сѐ за да го испорачаме тоа што ви е потребно, и денеска ќе имаме можност да разговараме околу тоа. Добредојде, добредојде назад“ рече Џо Бајден – Претседател на САД.

Пред 4 години Трамп инсистираше дека изборите биле најголемиот грабеж во историјата, и направи сѐ за да го спречи Бајден да ја преземе функцијата од него.

Поврзани новости