Американскиот претседател Џо Бајден вечерва, синоќа се обрати до јавноста од Белата куќа за да објасни зошто се откажал од кандидатурата за втор мандат три месеци пред изборите.
Ова е прво обраќање на Бајден до нацијата откако во неделата на социјалните мрежи објави дека се откажа од трката за Белата куќа и ја поддржа потпретседателката Камала Харис за негов наследник. Исто така, ова е негово четврто обраќање во живо од Овалната соба откако ја презеде функцијата претседател.
Во својот говор, Бајден ги истакна своите достигнувања во изминатите три и пол години, објасни зошто Харис би бил добар претседател и предупреди на ризиците што би ги претставувал вториот мандат на Трамп, без да го спомене неговото име. Како главна причина за повлекувањето наведе дека, како што рече, е загрозена демократијата.
„Решив дека најдобар начин е да ја предадам штафетата на нова генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.
Бајден напомена дека ја почитува институцијата претседател, но дека повеќе ја сака својата земја, како и дека верува дека одбраната на „загрозената“ демократија е поважна од која било функција.
„Реков дека верувам дека Америка е на пресвртница, во тој редок момент во историјата кога одлуките што ги носиме ја одредуваат судбината на нашата нација и светот во децениите што доаѓаат. Америка ќе треба да избере дали ќе оди напред или назад. Помеѓу надежта и омразата, меѓу единството и поделбите, мора да одлучиме дали сè уште веруваме во чесност, почит, слобода и демократија.
Бајден додаде дека во изминатите недели му станало јасно дека мора да ја обедини својата партија.
„Верувам дека моите резултати како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за американската иднина се ветување за втор мандат. Но, ништо не смее да застане на патот за одбрана на нашата демократија. Тоа ги вклучува личните амбиции. Решив дека Најдобриот начин е да се предаде палката на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да се обедини нацијата.
„Во следните шест месеци ќе бидам фокусиран на моите должности како претседател. Ќе ги намалам трошоците за живот на нашите вредни семејства, ќе го стимулирам растот на нашата економија, ќе ги зајакнам личните слободи и права – од правото на глас до правото на избор, а ќе ги осудам омразата и екстремизмот. Нема место во Америка за политичко насилство или каков било вид на насилство“, рече тој.
Бајдне порача дека ќе ги заштити децата од насилство, од оружје, од климатски промени, дека ќе се бори против ракот и дека ќе бара реформа на Врховниот суд „бидејќи тоа е од клучно значење за демократијата. ”
„Ќе продолжам да работам на тоа Америка да остане силна, безбедна и лидер на слободниот свет. Јас сум првиот претседател во овој век кој може да им каже на луѓето дека Америка не е во војна никаде во светот. Ќе продолжиме да собираме коалиција на горди земји да го спречат Путин да ја окупира Украина и да направи повеќе штета“.
Тој додава дека ќе работи и на завршување на војната во Газа.