Бајден и Путин денеска ќе разговараат за сериозната закана од украинската криза

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да имаат нов телефонски разговор, додека стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина стануваат се поконкретни.

САД вчера предупредија дека таквиот напад би можел да се случи во следните 10 дена, а западните влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.

Откако американскиот претседател синоќа одржа конференциска врска со неколку светски лидери, неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на новинарите им соопшти дека новата загриженост е дека нападот, за кој долго се стравуваше, може да почне и пред завршувањето на Зимските олимписки игри на 20 февруари.

-Најбрзиот начин да се стави крај на ова ќе биде Русија да ги деескалира своите сили, рече тој.

Поврзани новости