Бајден и натаму е против испраќање американски војници во Украина

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден останува на својот став да не се испраќаат војници во Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Белата куќа за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност.

Тој ја коментираше неодамнешната сторија на телевизијата Си-би-ес во која командантот на американската 101-та воздушна дивизија, која пристигна во Романија, зборуваше за неговата подготвеност „да ја премине границата и да влезе на територијата на Украина“.

Според Кирби, тоа би било можно само во случај на воена ескалација или напад врз НАТО.

Кирби истакна дека Бајден не ја променил својата одлука да не ја вклучува војската во овој конфликт.

-Не сум разговарал со командата на 101-та воздухопловна дивизија, знам дека тие учествуваат во вежбите на НАТО, со некои од нашите сојузници. Меѓутоа, претседателот беше многу јасен. Американската војска нема да се бори во Украина, нагласи Кирби.

Поврзани новости