(Видео)Бајден говорот во Конектикат го заврши со „Боже чувај ја Кралицата“

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа говор на националниот самит за Побезбедни заедници во Конектикат, повикувајќи на построги закони за контрола на оружјето, но на крајот од својот говор тој ги збуни присутните велејќи „Боже чувај ја кралицата“.

На интернет се шират видеа од пораката на американскиот претседател на крајот од неговото обраќање во Конектикат, а јавноста прашува што мислел американскиот претседател кога го кажал тоа, пренесува Би-би-си.

Оливија Далтон, заменик-секретарка за печат на Белата куќа, им рече на новинарите дека американскиот претседателот го упатил тој коментар „на некој од публиката“.

 

 

Поврзани новости