Бајден го предупреди Нетанјаху да не започнува напад на Рафа без план за заштита на цивилите

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори своето противење на израелската воена операција во Рафах, доколку не се обезбеди безбедноста на цивилите.

Како што објави Белата куќа доцна синоќа, Бајден „го повтори својот став дека воената операција не треба да продолжи без веродостоен и изводлив план за да се осигура безбедноста на цивилите во Рафах“, град во јужниот дел на Појасот Газа каде Палестинците нашле засолниште бегајќи од конфликтот.

Според податоците на ОН, во Рафах има околу 1,4 милиони луѓе.

Нетанјаху најави голема операција во Рафа за уништување на палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа.

Израелскиот премиер претходно изјави дека неговата армија ќе дозволи цивилите да ја напуштат зоната на конфликтот, но не објасни каде би можеле да одат Палестинците.

Поврзани новости