Бајден го повикал Зеленски во Белата куќа за војната во Украина

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден го поканил својот украински колега Володимир Зеленски на средба на 12 декември во Белата куќа на која ќе се разговара за тековната војна против Русија и „виталната важност“ на континуираната поддршка на САД за одбранбените напори на Украина, пренесува Ројтерс.

Белата куќа соопштила дека двете официјални лица ќе разговараат за „итните потреби“ со кои се соочува Украина.

Состанокот се случува во моментот кога Белата куќа се обидува да постигне договор со Конгресот кој ќе обезбеди воена помош за Украина и Израел.

Кабинетот на Зеленски објавил на Телеграм дека украинскиот лидер ќе пристигне во Вашингтон во понеделник и ќе се сретне со Бајден за време на работната посета која ќе опфати „низа состаноци и дискусии“.

-Клучните теми за време на посетата на Зеленски ќе бидат одбранбената соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Украина, „особено преку заеднички проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на нашите земји во наредната година“, објавиле од Кабинетот на украинскиот претседател.

Поврзани новости