496
Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди објавата на Русија дека анектирала четири региони на Украина и нагласи дека Москва го прекршува меѓународното право.
-САД го осудуваат денешниот измамнички обид на Русија за анексија на суверена украинска територија. Русија го крши меѓународното право, ја гази Повелбата на Обединетите нации и насекаде го покажува својот презир кон мирните нации, наведе Бајден во изјавата.