410
Не се доказ коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека проектилот што падна на Полска не бил украински, смета американскиот претседател Џо Бајден.
„Тоа не е доказ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од патувањето во Азија.
Украинските медиуми на 16 ноември објавија дека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека без сомнение тоа не било нивна ракета.
Тој рече дека својот заклучок го засновал на извештаите на украинската армија, во кои „не може, а да не верува“.
Русија негираше дека нејзините проектили погодиле полска територија, велејќи дека извештаите се „намерна провокација“ за ескалација на ситуацијата.