Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори

by Fokus

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден од ден на ден ги зголемува своите шанси за победа против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, покажуваат речиси сите сериозни анкети во САД,  објави Си-Ен-Ен.

На 100 дена пред претседателските избори анкетите покажуваат дека 29 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот е најважниот проблем со кој се соочуваат САД, додека речиси половина помалку од анкетираните веруваат дека економијата е најважното национално прашање.

Фактот дека Американците го перцепираат коронаворусот, а не економијата како најважно национално прашање покажува дека претседателот Трамп во моментов се соочува со сериозен проблем.

Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри и епидемиолошката состојба во земјата.

-Во овој момент подобро е да сте Џо Бајден отколку Доналд Трамп, но изборната трка се уште е далеку од завршена, заклучува Си-Ен-Ен.

Поврзани новости