Претседателот на САД Џо Бајден, додека раскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол на местото на поранешната канцеларка Ангела Меркел.
Тоа беше вторпат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.
In einer Rede vor Spendern erzählt der US-Präsident, wie er sich mit Helmut Kohl über den Sturm auf das Kapitol 2021 unterhalten habe. Die Verwechslung ist nicht der erste Ausrutscher des 81-Jährigen im US-Wahlkampf. https://t.co/weetbuBAEV
— Handelsblatt (@handelsblatt) February 8, 2024
Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал доколку ги прочита вестите за луѓе кои упаднале во британскиот парламент и убиле офицери „за да го запрат изборот на премиер“. Меркел беше на таа средба во Велика Британија.
Овие изјави не се првата конфузија на Бајден со имињата на европските лидери.
Во неделата, Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон.