Бајден ги амнестираше сите осудени за поседување на марихуана

by fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден презеде извршна акција за промена на американската политика за марихуана и ги помилува сите претходни федерални пресуди за поседување марихуана.

Бајден им нареди на гувернерите на сојузните држави да ги ослободат од затвор сите обвинети за поседување марихуана.

Бајден побара да се смени класификацијата на марихуаната во федералниот закон, каде што моментално е класифицирана заедно со ЛСД и хероин, но побара да останат ограничувањата за транспорт, продажба и забрана за малолетници.

– Илјадници луѓе кои претходно биле осудени за поседување марихуана и кои можеби биле невработени, без дом или можности за образование, сега ќе бидат ослободени од негативните последици, рече Бајден.

Тоа беше едно од ветувањата на Бајден за време на изборната кампања.

Поврзани новости