Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската кампања во Лас Вегас.
Според изјавите на неговите доктори, тој има благи симптоми на ковид, а веќе има примено и вакцини.
„Политико“, пишува дека дека ваквата дијагноза не можела да дојде во полошо време за Бајден, особено што ќе мора да ја паузира кампањата, но со тоа ќе ги продлабочи и мислењата за неговатата влошена здравствена состојба, поради што многу демократи сметаат дека треба да се повлече од претседателската трка, нешто што како идеја се активираше по дебатата со Трамп на Си-ен-ен.
Соработниците на Бајден објавија дека тој ќе се опоравува во неговиот дом во плажата Рехоб во Делавер, како и дека ќе направи пауза во кампањата. Сепак, очекувањата се, според неговите соработници дека тој ќе се врати во кампањата и во Белата куќа веднаш штом неговите лекари ќе дадат зелено светло.
Ова не е првпат на претседателот на САД да му биде дијагностициран ковид-19. Тој беше заразен двапати во 2022 година.