Според резултатите од последното истражување на јавното мислење, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден е најмалку популарниот американски претседател во последните 70 години со 38,7 отсто поддршка.
Според истражувањето на агенцијата Галуп, околу шест месеци пред изборите, Бајден има послаба позиција од кој било претходен американски претседател.
Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ќе се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, има поддршка од 46,8 отсто од анкетираните.
Њујоршкиот дневен весник наведува дека и претседателите Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, а американскиот претседател Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.
Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да освојат втор мандат во Белата куќа, пишува Њујорк пост.
Историски гледано, секој американски претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеа да добие втор мандат, освен Барак Обама кој успеа да победи во 2012 година со 46 отсто поддршка шест месеци пред изборите.