417
Претседателот на САД, Џо Бајден им честиташе на Финска, Шведска и Турција за постигнувањето договор што ќе го отвори патот на нордиските земји за да се приклучат на НАТО алијансата.
На Твитер, Бајден порача:
„Честитки до Финска, Шведска и Турција за потпишувањето на трилатералниот меморандум – клучен чекор кон НАТО поканата за Финска и Шведска, што ќе ја зајакне нашата Алијанса и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност – и одличен начин да започне Самитот“.
Турција првично се спротивстави двете нации да станат дел од Алијансата, поради загриженост за тероризам.