Бајден апелираше: Не дозволувајте Путин да победи

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е зачудувачки што Конгресот не усвоил дополнителна помош за Украина.

Тој повика тоа да се направи што е можно поскоро, обвинувајќи ги републиканците дека ја поврзуваат помошта за Украина со финансирањето на безбедноста на јужната граница на Америка.

Не сум подготвен да се откажам“, рече тој, предупредувајќи дека американските трупи би можеле да се најдат соочени со руската војска доколку Украина ја загуби војната.

„Ако рускиот претседател Владимир Путин ја земе Украина, тој нема да застане тука. Путин ќе нападне сојузник во НАТО и тогаш ќе дојдеме до точка кога американските војници ќе се борат против руските војници“, рече Бајден.

„Не можеме да дозволиме Путин да победи“, нагласи тој.

Белата куќа оваа недела предупреди дека на САД им недостасуваат време и пари за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.

 

Поврзани новости