Бајден: Ако ние заминеме и Русија ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји?

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.

„Ако ние заминеме, а Русија го издржи нападот и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија?“, праша тој.

Соработниците на Бајден отворено им кажаа на членовите на Конгресот на приватна средба во средата дека ако Конгресот наскоро не одобри дополнителна воена помош за Украина, Русија би можела да ја добие војната за неколку недели, во најдобар случај за неколку месеци, пишува „Ен-би-си њуз“.

„Русија би можела да ја добие војната за неколку недели“, додаде Бајден.

Поврзани новости