Популарниот поп – рок музичар Момчило Бајагиќ – Бајага (62) се разделил од својата сопруга Емилија уште пред три години, а минатата година во мај и официјално биле разведени, но тој веста успешно ја криел од јавноста, објавија српските медиуми.
Познат како човек кој секогаш го држел приватниот живот подалеку од јавноста, тој многу малку зборуваше за семејството, за сопругата со која заедно поминале околу три децении и за синот и ќерката кои се веќе возрасни луѓе.
Токму поради неговиот став, да не се меша приватното со професионалното, тој не открил детали за разделбата со Емилија.
Веста дека не се повеќе заедно, медиумите во Србија ја објавија пред неколку дена.
-Првите две години беа разделени, но се надеваа дека можеби ќе ја надминат кризата. Кога тоа не се случи, лани во мај и официјално се разведоа. Секој од нив доби по еден стан во Белград, поделбата на имотот помина цивилизирано- пренесуваат.
Инаку, Бајага и неговиот бенд Инструктори е присутен на сцената уште од осумдесеттите години на минатиот век. Пред тоа, тој беше дел од Рибља чорба, а додека бил уште тинејџер, на свои 14 години, ја започнал музичката кариера со групата ТНТ.
Минатиот месец имаше концерти во Македонија, и тоа во Битола и Демир Капија.
Вики Клинчарова