Популарниот поп-рок музичар Момчило Бајагиќ – Бајага (63) викендов доаѓа во Скопје. Со својот бенд Инструктори тој вечерва ќе има настап во ноќниот клуб ,,Pure”, и влезниците по цена од 600 денари веќе се пуштени во продажба.
Тој е присутен на сцената уште од осумдесеттите години на минатиот век. Пред тоа, беше дел од Рибља чорба, а додека бил уште тинејџер, на свои 14 години, ја започнал музичката кариера со групата ТНТ.
Минатата година во јуни исто така имаше настапи во Македонија, и тоа во Демир Капија и во Битола.
Во тој период музичарот беше во центарот на вниманието на регионалната јавност, бидејќи откри дека по три децении заеднички живот се разделил од сопругата Емилија, но веста за разделбата успеал да ја крие од јавноста цели три години.
Неодамна Бајага откри дека басистот на оригиналната постава Мирослав Цветковиќ Цвеле и тапанарот Чедомир Мацура го напуштиле бендот Инструктори.
Басистот Цветковиќ за српските медиуми изјави дека има 70 години и решил да се пензионира, а групата добила нови членови.
Вики Клинчарова