Популарниот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага и Авалон Продукција го одложија концертот во Скопје, поради грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Бајага и Инструктори требаше на настапат на 9-ти декември во СЦ Јане Сандански, а конецртот е презакажан за 23-ти декември на истата локација. На оние кои не можат да присуствуваат на настанот на новиот датум, ќе им бидат рефундирани средставата, известија од Авалон.
-Оваа недела нека биде недела на тишината! Во моментов сите ние oд Авалон, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на Бајага & Инструктори чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија.
Се одлучивме да го презакажеме концертот за нов датум, не од аспект на некаква социјална одговорност, впрочем, концертот требаше да се одржи за 6 дена од сега и се разбира дека до тогаш животот нормално ќе продолжи.
Уште помалку се одлучивме на овој чекор од некакви рационални причини, бидејќи влезниците се секако пред распродавање.
На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини и на тоа не натераа: почитта кон двајцата насилно починати, сочувството кон нивните семејства и најблиски, но пред се, тагата која во моментов ја чувствуваме, a e така видлива кај сите нас кои живееме во оваа држава.
Веруваме дека сите се разбираме околу претходно напишаното.
А, дека нема сомнеж дека тоа е така, зборува фактот што сево ова први го сфатија и прифатија Бајага и неговите колеги од бендот- известија од продукцијата.
Вики Клинчарова