Регионалната музичка ѕвезда Момчило Бајагиќ-Бајага со својот бенд доаѓа во Охрид. Тој ќе одржи концерт во Антички театар на 30-ти јули, со почеток од 21 часот.
Настанот е во организација на Авалон продукција, а влезниците се во ограничен број.
Ќе бидат пуштени во продажба 200 ексклузивни влезници по 1.500 денари (фан пит), а останатите се продаваат по цена од 1.000 денари (партер-седење).
Бајага е уште еден од музичарите од регионот кој по разлабавувањето на мерките за заштита од вирусот доаѓа во Македонија. Најавени се настапи на многу странски пејачи, во повеќе градови во земјава во тек на летниот период, помеѓу кои Аки Ракимовски, Цеца, Реља Поповиќ, Саша Матиќ, Адил Максутовиќ и други. Некои ќе настапуваат во летни клубови, а пак некои ќе одржат концерти на отворено.
Вики Клинчарова