Популарниот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага (62) заедно со неговиот бенд ,,Инструктори” наредниот месец ќе одржи два концерти во Македонија.
Првиот настан ќе се случува во Битола на 17-ти јуни, на ракометното игралиште, а пак наредениот ден, на 18-ти, тој ќе одржи концерт на летната сцена во Вердисо, Демир Капија.
Српскиот поп – рок музичар ја започнал својата музичка кариера на 14-годишна возраст во групата ,,ТНТ”. Еден период во осумдесеттите години на минатиот век беше дел од ,,Рибља чорба”, а потоа ја основаше својата група Бајага и Инструктори.
Влезниците за концертот во Битола се продаваат по промотивна цена од 400 денари до трети јуни, а потоа ќе изнесуваат 600 денари. За концертот во Демир Капија пак, влезниците се со цени од 600 до 1.800 денари, во зависност од категоријата.
Вики Клинчарова