544
Багер денеска прегази жена на улицата „Јордан Мијалков“, по што жената починала на лице место, соопшти МВР.
-Денеска (01.07.2023) во 11.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Јордан Мијалков“ работно возило (градежна машина-багер) управувано од И.А.(42) од с.Грчец-скопско удрило во Л.Ј.(66) од Скопје, која починала на местото на несреќата. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, стои во билтенот на МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.