Баерн стана фудбалски шампион на Европа со минимална победа против ПСЖ

by Фокус

После седум години пауза, германски Баерн Минхен повторно е на европскиот фудбалски трон, со што се израмни со Ливерпул на третото место на вечната листа, кои се зад Милан и Реал Мадрид.

Во суперинтересното финале, посебно во првиот дел, џокерот на баварците беше Кингсли Коман, кој постигна гол со глава во второто полувреме по центаршут на Џошуа Кимих.

До клучниот момент, Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Ерера во првото полувреме имаа извонредни шанси за поинаков тек да добие мечот, а Роберт Левандовски еднаш погоди директ.

Сепак, гол постигнаа Баерн преку Коман, по што најголемата шанса ПСЖ ја имаше преку Маркињос, чиј шут беше одбранет од Ноер.

На овој начин, со освојувањето на европската круна, Баерн стигна до „триплета“, откако на домашната сцена ја освои двојната круна.

Поврзани новости