596
Германскиот гигант, Баерн Минхен сеуште напорно работи за да го оствари сонот донесувајќи го германскиот репрезентативец Лерој Сане.
Според германски ,,Скај”, хрватскиот стратег и тренер на Баерн, Нико Ковач прв на листата за посакувани играчи е крилото на Манчестер Сити. Тие соопштија дека имало позитивен разговор помеѓу германскиот клуб и агентот на Сане.
Единствениот проблем во исполнувањето на овој трансфер е тоа што Пеп Гвардиола изјави дека нема никаква намера да го продаде својот играч, гледајќи го него како клучен играч во неговиот тим.
Сане има само 23 години, а веќе е двократен премиер лигашки шампион и пред него го чека блескава кариера.