Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одолеат на големите искушенија за поткуп и купување каде во игра биле и по 2 милиони евра по пратеник оти нема такви пари со кои може да се купи светото македонско име, вели претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.
Од партијата ги повикуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, да не потклекнат на притисоците и заканите. Како што вели Бачев, тие немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување, бидејќи спорот за името, додава, не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на македонскиот народ
-Единствена Македонија ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од заканите и притисоците од марионетската власт бидејќи власта ќе нема време да ги оствари оти по 30 септември почнува процесот на паѓање на ненародната власт во Скопје. Единствена Македонија располага со сознанија дека доколку било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласи на промена на Уставот и бришење на вековното македонско име, во такво случај нема да успеат да стигнат ниту до државната граница при нивниот обид за бегство од Република Македонија. Единствена Македонија потсетува дека доаѓа новата народна легална власт која ќе расчисти со националните предавници и ќе изврши ревизија и конфискација на украденотот од позиција на власт во изминатите 27 години во кои се украдени околу 15 милијарди евра – велат од таму.