Претседателот на партијата „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, тврди дека бил цензуриран на конференцијата „Македонски перспективи – Како до Европа“, организирана од невладината организација Цивил.
Според Бачев, тој како поканет на конференцијата, имал намера да одржи говор насловен како „Понуда до Заев за јавна опклада на симболични 1 денар дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името“. Бачев тврди дека лица од кабинетот на Заев издејствувале тој да не го одржи говорот.
„Во интерес на вистината еве ги фактите:
Факт број еден: Цивил упати покана до Единствена Македонија за учество на претседателот Бачев на конференцијата насловена како
Факт број два: Единствена Македонија го потврди учеството на конференцијата.
Факт број три: На лице место на самиот настан претседателот Бачев беше тргнат од листата на говорници во сесијата каде зборуваа претседатели на политички партии.
Факт број четири: На настанот зборуваа претставниците на сите присутни партии (сите дел од марионетската власт во Скопје) вклучително и сите партии на албанското малцинство во земјата.
Факт број пет: Не беше дозволен говорот единствено на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев откако во последен момент лица од кабинетот на Заев го издејствуваа тоа.
Џабир Дерала манифестира селективна сенилност и безобразно лаже и тоа од оправдани причини: Мора да го брани ликот и делото на Зоран Заев со оглед на нивните исти странски ментори за рушење на Македонија и Македонците.
Ја користиме приликата за осуда на непримерното однесување на одредени медиуми кои вчера објавија реакција на Џабир Дерала, а претходно не го објавија соопштението на Единствена Македонија“, пишува во соопштението на „Единствена Македонија“.