564
Претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица, каде ќе се соочи со лидерот на ДПМНЕ, Никола Груевски и опзицискиот лидер Зоран Заев.
Тие на само пет минути пред рокот за доставување на кандидатски листи за пратеници, ги доставиле своите кандидати до Државната изборна комисија.
Најпрвин, од таму најавија дека Бачев ќе биде носител на втората изборна единица, подоцна јавија дека тој се премислил и ќе ја предводи четворката.