Зоран Заев е во очај штом почна да шири бесрамни лаги за некакви руски пари во Македонија со цел дефокусирање на јавноста од очајната посета и празните плоштади на НАТО-журките, со што народот кажа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје, велат од партијата „Единствена Македонија“.
„Ваквата лажна изјава на Заев неосновано ја сместува Русија во непријателска земја спрема Македонија и го руши концептот на пријателски односи со Русија. Единствена Македонија го потсетува Заев дека Русија е светска велесила, членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, ја признава Македонија под уставното име, територијалниот интегритет, унитарноста, сувереноста, идентитетот на македонскиот народ, а Путин отворено изјави дека писменоста доаѓа од македонската земја.
Народот масовно и одлучно кажува НЕ за промена на името и влез на Македонија во НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.
Лагите на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните. Зоран Заев да се вразуми и да и се извини на Русија за опасните провоакции на антируска основа.
Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да каже со име и презиме кој земал пари од Русија, Сорос, ЦИА, албанското подземје во регионот, со што јавноста ќе види, всушност, кој и од каде зема странски пари во Македонија“, велат од партијата на Јанко Бачев.