БАБИ И ЖАБИ ПОКАЖУВААТ ЗАБИ

Ако тие вистина имаат 61 пратеник за изгласување недоверба на владата, оставката на Заев би била беспредметна

by fokus

Пишува: Ѓорѓи СПАСОВ

Кога Заев виде што може да се случи ако ја поднесе оставката на премиерската функција, веројатно му стана јасно дека е тоа лош потег.

Но, со тој чин ги охрабри  да излезат на површина и да се здружат против него,  сите оние што се за целосно „непредвидлива нова иднина„.

Наспроти програмите и ветувањата на Мицковски, Села и Касами, стана јасно дека тие заради промена на сегашната власт се подготвени да коалицираат со партијата на Апасиев која, веројатно својата подршка ќе ја услови со подршка за сопствените партиски и идеолошки определби.

Некои од тие партиски и идеолошки определби на Левица се:

  1. Итно отчленување на Македонија од НАТО,

2 Понишување на Преспанскиот договор

3 Ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија,

  1. Издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство
  2. Отповикување на признавањето на Косово, како и на Израел и на Јужна Кореја; и
  3. И признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија,

НОВА ИДНИНА

Иако некои од актерите ( Реџепи) на стокменото „ново парламентрано мнозинство„  веќе изјавија дека биле измамени кога потпишувале, мислејќи дека во новото мнозинство не влегува Левица туку ЛДП, а други веднаш изјавија дека тоа не е мнозинство за формирање на влада туку за смена на сегашната, или дека тие што се потпишани не коалициираат туку само соработуваат за остварување на една цел, (Апасиев), стана јасно, колку сите заедно се нестрпливи да дојде до промена на власта и тие да започнат со итните промени  за „нова иднина на земјата„

Заев веројатно оценил дека преку ноќ оваа дружина би можела да го загрози сериозно сето она што во земјава и во странство, под негово водство беше оценето како „излез од долгогодишниот ќорсокак„ и решил да ги остави малку за да види што се  способни да направат.

Ако тие вистина имаат 61 пратеник за изгласување недоверба на владата, неговата оставка би била беспредметна, а ако имаат и поголемо мнозинство за состав на влада, тогаш би било интересно да се види што е тоа што тие заедно ќе го понудат и без нови избори како „нова иднина на Македонија„.

Можеби граѓаните кои гласаа во поголем број за избор на локални функционери од тие партии, уште пред одржувањето на нови парламентрани избори ќе видат, колку била „политички независна„ Левица, има ли Мицкоски некоја скриена агенда за Македонија и каква ќе биде користа или штетата за Беса и Алијанса од учеството во една таква влада.

Но, што ако немаат мнозинство, ниту за изгласување недоверба, ниту за состав на нова влада.

Тогаш Заев ќе треба уште еднаш сериозно да размисли, дали не му е даден добар повод да остане премиер на владата, и до крајот на мандатот, односно до 2024 година да ја спроведува програмата на владата, или во договор со своето парламентарно  мнозинство ако веќе мора, премирското место, со иста цел , да му го отстапи на еден од министрите од редовите на СДСМ.

СУШТИНАТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Владата на сегашната коалиција го нема изгубено легитимитетот  и нема обврска да формира тнр. Пржинска влада на 100 дена пред одржувањето на следните парламентарани избори. Всушност и Мицкови и Заев пред изборите во 2020 година изјавија дека кој и да победи на тие избори нема потреба да формира Пржинска влада на 100 дена пред следните избори.

Ако случајно опозицијата стокми мнозинство за изгласување недоверба на владата, но нема мнозинство за формирање влада, тогаш одново мандатот за нова влада го добива втората партија со најголем број пратеници во Собранието, а тоа е СДСМ.

Тогаш СДСМ ќе добие мандат и мнозинство да формира влада која ќе се обврзе на одржување предвремени парламентрани избори во определен рок, но тој рок и активностите на владата ќе го  диктираат партиите од тоа владино мнозинство, а не оние што изгласале недоверба на владата и што останале во малцинство.

Што и да се случува, СДСМ и другите партии што Заев ги вбројува во прогресивното мнозинство на земјата, добија можност со заедничките акции на Левица и на ВМРО- ДПМНЕ да ги разобличат и допрва разобличуваат крајните цели и скриените агенди на овие партии, и на следните избори да им понудат избор на граѓаните меѓу стабилност и извесност на една страна и чист авантуризам и целосна неизвесност на друга страна.

На крајот на краиштата, не е важно која кооалиција ќе победи и кој ќе формира влада ако пред гласњето на секој гласач му е јасно која од нив за што вистина се залага и во која насока може да очекува дека реално ќе се движат нештата. Тоа е суштината на демократијата.

Поврзани новости