Трагедија денеска се случи во Подгорица кога жена и машко бебе скокнаа во реката Морача, соопштија од полицијата.
Како што неофицијално информираат од полицијата за порталот Побједа, повозрасна жена со бебе во прегратките паднала од карпите во Морача, а се сомневаат дека се работи за самоубиство.
Таа починала, а детето се уште давало знаци на живот, соопштија од полицијата.
Побједа објави дека работниците на градското претпријатие „Зеленило“ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од Морача.
Ибрахимовиќ и Мујак извршувале редовни работни задачи во близина на мостот Блаж кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.
Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја истисне водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.