Бабата која се избори повторно да застане на нозе по тешка болест е личноста која остави најмногу белег во 2023-та

by Fokus

На прашањето „која е личноста која остави најмногу белег во 2023-та“, повеќето граѓани за анкетата на „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, велат „ниту една“.

Притоа имаше и спомнување на конкретни блиски личности, како дечкото, пријателот, инспиративната баба која се изборила повторно да застане на нозе по тешката болест, а беше споменат и тенисерот Ѓоковиќ.

Анкетираните граѓани доколку би биле претседател на еден ден, би се заложиле за социјална правда и социјално избалансирана држава, некои би направиле журка на плоштад, а други посакаа да нема поделба кај македонскиот народ, трети посреден град, организирање на хуманитарни концерти, студентски град и клинички центар, подобро здравство, жена за претседател и за сите луѓе да има леб.

На прашањето „дали си ги остваривте желбите годинава“ граѓаните задоволно потврдуваат. Некои имале успех и убави моменти во семејството, други со студиите, трети со љубовта.
Речиси сите задоволни од годината која изминува.

„Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните.

 

Поврзани новости