Баба му го пријавила откако се повредил со бормашина

by Fokus

Вчера утрото, жител на Гостивар се повредил со бормашина и веднаш бил хоспитализиран, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 11.02.2022 околу 09.10 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека во населба Циглана во Гостивар, во семејната куќа, Г.С.(45) од Гостивар се здобил со повреда. Според пријавеното од неговата баба, тој се повредил додека ракувал со бормашина, по што е пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гостивар“, додаваат од МВР.

Поврзани новости