Азири од Алијанса: Мицкоски видел капацитет кај Гаши, затоа го предлага

by Fokus

Сигурно Христијан Мицкоски видел капацитети кај Африм Гаши па затоа го предложил за иден мандатар, а ние прифаќаме, рече Елми Азири пратеникот од Алијанса на Албанците,

Претходно Мицкоски најави дека можат да застанат со 61 потпис позади името на Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар.

-Бидејќи Гаши велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

Мицкоски тоа го посочи и како одговор на обвинувањата на соработникот на Али Ахмети во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила Албанец технички премиер на владата.

– Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини, и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните. Ако таквата личност биде предложена од најголемата партија во парламентот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец.

Поврзани новости