Азија ја дочека 2025 година – Кина, Малезија и Сингапур под огномет и музика

by Fokus

Земјите низ Источна и Југоисточна Азија ја дочекаа Новата 2025 година, пренесува Би-би-си.

Кина, Филипини, Малезија, Хонгконг и Сингапур беа осветлени од огномети и од шоу-програми со дронови. Претходно Јапонија, Јужна и Северна Кореја го означија влегувањето во 2025 година.

Прославите во Јужна Кореја се откажани поради авионската несреќа која се случи пред неколку дена, а во која загинаа 179 лица.

Во 14 часот по средноевропско време, Новата 2025 година во Сиднеј беше дочекана со познатиот спектакуларен огномет спроти мостот Харбоур и зградата на операта. Околу девет тони пиротехнички средства го осветлија небото над пристаништето. Настап имаше и познатиот пејач Роби Вилијамс.

Жителите на Нов Зеланд два часа порано од тие во Австралија ја прославија Новата година со огномет во Оuкленд.

Први во светот што го прославија доаѓањето на 2025 година беа жителите на островот Лајн во Тихиот Океан.

Американската Самоа ќе биде последната земја што ќе ја дочека Новата година.

Поврзани новости