Азија до 2040. ќе произведува над 50 отсто од светскиот БДП

by Fokus

Азија до 2040 година веројатно ќе произведува над 50 отсто од светскиот БДП и ќе претставува речиси 40 отсто од светската потрошувачка, објави Светскиот економски форум.

Азија им сè поголем удел во светската трговија, капитал, популација, знаење, сообраќај, култура и ресурси и е дом за повеќе од половината од светската популација, а новото истражување Меккинси Глобал Институт покажува во која се мери глобалното тежиште се движи кон Азија.

На Азија денес отпаѓа една третина од глобалната трговија со стока, а пред 10 години изнесуваше една четвртина. Речиси во истиот период, азискиот удел во патници во глобалниот авио превоз од 33 се зголеми на 40 отсто, а уделот во тековите на капиталот од 13 на 23 отсто.

Кина, центар на азиската економија, имала 44 отсто од сите светски патенти во 2017 година.

Поврзани новости