Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија оствари средба со истакнати жени претприемачи, бизнис лидери, сопственици на компании членки на Комората. Се разговараше за исклучително сериозната економска состојба која добива размери на мулти криза, со сериозна непредвидливост и неизвесност како резултат на глобалните случувања. Заеднички беше констатирано дека за надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги засукаме ракавите, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мулти кризата со акцент на неколку приоритети. Приоритетно е потребно преземање чекори во образованието, администрацијата, со итно поврзување и дигитализација на процесите на министерствата во една целина, и решавање на проблемот со корупцијата.
Активностите кои сега би се преземале може да помогнат во интервентно надминување на состојбите што секој ден како нови проблеми се појавуваат во работењето на компаниите, но структурното поставување на промените во државата ќе бидат основ за сериозно и правилно справување со криза во некои следни периоди.
Во изминатите 10-тина дена од страна на стручната служба на Комората реализирана е комуникација со над 160 компании кои укажуваат на следните проблеми. Голема неизвесност и проблеми поради драстичниот раст на цените на градежните материјали на глобално ниво кои се менуваат од ден на ден што го доведува во прашање склучувањето и реализацијата на договорите за јавни набавки. Проблемот со енергенсите и сложени постапки за инвестирање во фотоволтаици. Поради технички пропусти кои не зависат од самите компании во реализација на обврските (се активираат меници на компании кои аплицирале за финансиска
поддршка во рамки на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД 19 периодот објавен од Министерството за економија. СЕ бара поддршка за замрзнување или одлагање на каматните побарувања по примерот на ковид кризата, да се укинат сите ограничувања во однос на сертификатите за слободна посета на угостителските објекти, ПЦР тестови за странски туристи за влез во државата, за да се поттикне раст во секторот туризам и угостителство и во повеќе врзани сектори на кои туризмот има директен и индиректен позитивен ефект. Итна потреба за корекција на ЗРО за недела неработен ден, намалување на притисокот од интензивните инспекциски контроли кои на места го оптоваруваат и онака сложеното работење и опстојувањето на компаниите и сл..
Размислувањата и предлозите на истакнатите жени претприемачи, менаџери на сериозни позиции во македонските компании е од особено значење во вака сложени услови на водење бизнис бидејќи потврдена е улогата и моќта на носење успешни одлуки од жените како бизнис лидери. Тоа го покажува и учеството на жените во структурите и формите на делување на Комората кои се присутни со над 25%, и 65% во апаратот на Комората.
ПР текст