АЗЕСКИ ВО КОМОРАТА НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА РЕПУБЛИКА СРПСКА, ВО „РЕПЛЕК“ ЌЕ РАЗГОВАРА ЗА РАЗВОЈНИТЕ ПЛАНОВИ НА ФАБРИКАТА ЗА ЛЕКОВИ

ДЕЛОВНИ БИЗНИС-АКТИВНОСТИ НА МЕЃУНАРОДЕН И НА ДОМАШЕН ПЛАН

by fokus

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска ќе ја прими претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, а на средбата ќе се разговара за продлабочување на економската соработка меѓу Република Српска и Република Северна Македонија, со чија Комора (Стопанска комора на Република Српска) има одлични односи во делот на соработката на бизнис-асоцијациите од поранешна Југославија, каде што членуваат двете Комори, и двете со традиција од еден век постоење.

Како значаен сервис на стопанството, посветени на создавањето поповолен бизнис и на промовирањето економски капацитет и потенцијал за меѓусебна соработка, коморите од Северна Македонија и од Република Српска имаат потенцијал за интензивирање на трговската размена и за заеднички настап и за освојување трети пазари, а можностите се особено значајни во рамките на регионот на Западен Балкан и на улогата на претседателот Азески како копретседател на Коморскиот инвестициски форум за поттикнување на меѓусебната регионална економска активност.

Во соработката со Република Српска особено значаен придонес има компанијата „Пекабеско“ со својата производствена програма, но и другите македонски компании од прехранбениот сектор.

Во структурата на размената на Северна Македонија со Босна и Херцеговина се евидентира суфицит во размената на македонска страна, кој за седумте месеци од 2021 година, споредено со истиот период во 2020 г., е зголемен за 154,54 %. Босна и Херцеговина е 25. трговски партнер на РС Македонија во периодот јануари – јули 2021 година. На страната на извозот од Северна Македонија доминираат другите заварени цевки, лековите (кои се подготвени во измерени дози или во форми или пакувања за малопродажба), кварцот (освен природниот песок и кварцитот), плоснатоваланите производи од железо или од нелегиран челик (неплатинирани или необложени, необработувани повеќе од топловаланите), колбасите и сличните производи од месо, како и виното од свежо грозје (освен пенливото вино) и ширата со спречена ферментација со додавање алкохол. Од Босна и Херцеговина најмногу се увезуваат млеко и павлака со содржина на масти над 1 до 6 % од маса, месо и други производи од живина (приготвени или конзервирани), дрво од иглолисници (обработено по должината, со дебелина поголема од 6 мм), дампери за употреба надвор од патната мрежа и други електрични спроводници за напон што не надминува 1000 вати.

Во рамките на дневните деловни активности, претседателот Азески ќе ја посети и компанијата „Реплек“, една од нашите домашни компании производители на лекови, во кои дојде до промена на сопственичката структура и на раководството, а целта на посетата се тековната состојба и развојните планови на оваа активна и долгогодишна членка на Комората, сега под водство на извршниот директор Душан Пецовски.

„Реплек“ АД Скопје е веледрогерија за големопродажба на лекови, медицински помагала и на медицинска опрема. По 75 години постење, „Реплек“ АД, со помош на сопствени ресурси и капитал, прерасна во една од поголемите фармацевтски компании во земјата. Денес фабриката е современ, оперативен, високостандардизиран производствен капацитет, кој произведува повеќе од 150 лекови регистрирани во нашата земја и на многубројни странски пазари, во согласност со најстрогите барања за квалитет и за безбедност на лековите. Континуирано применување нови технологии во работењето, изградба на нови капацитети, проширување на палетата на производи, зголемување на бројот на извозните партнери и постигнување поголема економичност е целта кон која постојано се стреми компанијата.

ПР текст

Поврзани новости