Денес во Софија, Р. Бугарија се одржува „The Economist Business Summit“, кој ги собра заедно политичките и бизнис лидерите од Бугарија и од регионот. Се разговараше на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година.
На настанот се обратија претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој официјално го отвори Самитот, како и премиерот Росен Желјазков.
На настанот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески кој оствари средба со претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев. Заедно се договорија да организираат средби на македонски и на бугарски бизнисмени во текот на месецов, исклучиво на теми поврзани со инфраструктурата, зголемување на трговската размена и отстранување на сите бариери кои ја попречуваат соработката меѓу двете земји.
За таа цел претседателот Азески ќе одржи одделни средби со премиерот Желјазков и со вицепремиерот и министер за транспорт на Р. Бугарија, Гроздан Караџов.