Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во вечерашното интервју за телевизија Телма рече дека на бизнис заедницата и се потребни брзи решенија, а не чести избори со долги кампањи.
-Оставката на Заев е личен чин, така да премиерот влегува во личностите кои можат тоа да го направат. Веројатно проценил зошто и како го правил тоа. Во принцип ние сме држава која има Устав кој нуди решенија. Нас како бизнис заедница ни требаат брзи решенија, уморни сме од избори, од калкулации, од долги кампањи. Ние се залагавме за кампања за локални од 10 дена, ние добивме кампања од шест месеци. Сега наместо да се посветат на работа, влеговме во криза. Јас морам да кажам дека моите лични искуства во сорабоката со парламентарните партии и мнозинството во Парламентот во однос на економската сфера сметам дека со малку труд може да се постигне решение и тука не се цврсти блокадите како во политичката сфера, смета Азески.