Азески: Акцизата е сериозна ставка за полнење на буџетот, цената на горивата моментално е многу ниска

by Фокус

Неосновани се реакциите против зголемувањето на акцизата на нафтените деривати, во моментов цената на горивата е многу ниска, рече во Топ Тема Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

– Во овој момент имаме огромен пад на цената на горивата, пад во потршувачката на горивата, а како човек што познава дека тоа е сериозна ставка во полнењето на буџетот, јас ги знам последиците од таа работа. Како разумен човек, морам да бидам одговорен и да ги земам предвид сите аспекти, тие аспекти говорат дека во овој момент треба да се искористат сите внатрешни разерви пред да почнеме да земаме пари од надвор. А тие внатрешни резерви се да ги онвозможиме сите кражби, да ги оневозможиме сите нерегуларности коишто постојат во државата, да направиме целосна рационализација во државниот апарат – нагласи Азески, додавајќи дека „црвената нафта“, се злоупотребува поради пониската цена, односно се употребува како замена за дизелот, иако неговата намена е за затоплување.

Тој посочи дека несериозно би било да се предлагаат само мерки со кои ќе се земаат пари од Буџетот, а да нема мерки со кои ќе се овозможи и да се слеваат пари.

Поврзани новости