Азербејџан објави амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно-Карабах кои ќе го предадат оружјето, иако некои од нив најавија дека ќе продолжат со отпорот, изјави за Ројтерс Хикмет Хаџиев, советник на азербејџанскиот претседател.
Ерменците, кои сочинуваат мнозинство во Нагорно-Карабах, во четвртокот рекоа дека им се потребни безбедносни гаранции пред да го предадат оружјето, откако Азербејџан објави дека го вратил отцепениот регион под своја контрола по 24-часовната воена операција.
Во интервју за Ројтерс, Хаџиев најави дека Баку планира амнестија за сите борци од Карабах кои ќе го предадат оружјето.
-Гледаме дека во овој момент некои поединечни армиски групи и офицери јавно објавија дека нема да се согласат со нашите услови и ќе го продолжат својот отпор. Гледаме и дека некои помали групи одат во шумата. Но, ние не го гледаме ова како голем безбедносен предизвик. Се разбира, ова носи одредени предизвици и тешкотии, но не во толку големи размери, рече азербејџанскиот претставник.
Тој изјави дека ќе се почитуваат правата на Ерменците од Карабах во рамките на нивната интеграција во Азербејџан, додавајќи дека побарале хуманитарна помош, како и снабдување со нафта и бензин.