390
Азербејџанските власти објавија дека го уапсиле поранешниот водач на Нагорно-Карабах Рубен Вардањан, кој се обидувал да замине за Ерменија, една недела по брзата офанзива на Азербејџан врз регионот на Кавказ.
Варданјан, бизнисмен кој ја предводеше сепаратистичката влада во енклавата од ноември лани до февруари оваа година, е уапсен, соопшти националната гранична служба, но не даде детали за што е обвинет. Варданјан е роден 1968 година.
Тој е предаден на надлежните органи во главниот град Баку, се наведува во соопштението придружено со фотографија од уапсениот со двајца обезбедувачи. Информацијата за апсењето ја потврди неговата сопруга Вероника Зонабенд на социјалната мрежа Икс, поранешна Твитер.