697
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе стори се за да го врати полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија пред седум години, и ги повика меѓународните сојузници да ги поддржат овие напори.
Тој зборуваше на самитот Кримска платформа, кој Украина го организираше за да го зголеми притисокот врз Русија поради анексијата во 2014 година, која поголемиот дел од светот ја прогласи за нелегална. Ова придонесе за исклучително заладување на односите меѓу западните земји и Русија.
Во воведниот говор, Зеленски вети „дека ќе стори сé за да го врати Крим, така што Крим, заедно со Украина, ќе стане дел од Европа“.