567
Вечерва заврши протестот пред Собранието против францускиот предлог, откако истиот почна точно во 12 часот пред македонскиот Парламент, каде свој говор имаше и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Во текот на денешниот протест учесниците пред Собранието се појавија со транспарентите „Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон собраниската зграда.