Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар (32) го раскина договорот со Реал Мадрид и сега е во потрага по нов клуб.
Неофицијално, има најави дека сакаат да го донесат во Интер Мајами, американски клуб во сопственост на Дејвид Бекам, во кој веќе пристигнаа Лионел Меси и Серхио Бускетс, а се најавува и доаѓањето на шпанскиот репрезентативец, Жорди Алба.
Шпанските медиуми тврдат дека Мајами се обидува да го убеди Азар да дојде, со тоа што крилниот напаѓач има наводна понуда и од белгискиот прволигаш RWD Molenbeek, во кој настапува неговиот брат Килијан (27).
Да потсетиме дека Азар мина четири лоши сезони во Реал, одбележани со повреди и немање волја за тренирање.
Пред да дојде во Реал, кој му плати 115 милиони евра, Белгиецот беше еден од најдобрите крилни играчи во светот.
Играше за Челзи за кој постигна 110 голови. Азар по Мундијалот во Катар се прости и од репрезентацијата за која на 126 настапи постигна 33 гола.