505
Реал Мадрид наскоро ќе му плати на Челзи 130 милиони евра за Еден Азар, со што ќе го собори досегашниот клубски рекорд на трансфери.
– Челзи, првично ќе треба да добие 113 милиони евра, а уште 17 милиони би можел да добие преку бонуси, пишува британскиот „Сан“.
А, мадриската „Марка“,пак, пишува дека е прашање на денови кога белгискиот репрезентативец ќе биде претставен во Мадрид, а доколку висината на трансферот е точна тогаш лондонскиот клуб од Азар ќе добие дури 95 милиони повеќе, отколку што пред седум години му платиле на Лил за да го донесат во Олд трафорд.
Досегашниот рекод за највисок трансфер изнесуваше 100 милиони евра, што „кралевите“ го платиле за Герет Бејл.