Авторот на хит-книгите „Опкружени со идиоти“, познатиот „Модерен психолог“ и легендарен DJ доаѓаат во Ровињ

by fokus

Традиционалното дружење во пресрет на септемвриското издание на Weekend Media фестивалот се одржа минатата недела на видиковецот во паркот Максимир. Покрај добрата забава и кавлитетниот networking, на дружењето беа претставени нови предавачи и панелисти, а многубројни познати лица како: Антонија Блаче, Зоран Шпрајц, Мија Ковачиќ, Андрија Јарек, Дамир Кеджо и Андреа Андраси имаа можност да слушнат од прва рака што нè очекува на Викенд.17 фестивалот.

 

Weekend Media фестивалот повторно ќе биде централно место за собирање на регионални професионалци од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот од 19 до 22 септември под генерално покровителство на Адрис група. По големиот успех на првото издание, HR.Weekend се враќа во Ровињ во уште поголемо и побројно издание. Голема новост е и првиот AI Weekend, фестивал кој ќе ги собере сите кои сакаат да дознаат повеќе за примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Weekend.17 не треба дополнително да се претставува затоа #skipintro и погледнете кој сè доаѓа!

Предавачот и писател Томас Ериксон, автор на хит-книгата „Опкружени со идиоти“, е едно од клучните имиња на овогодишната програма на Weekend.17, а планирано е со своето интерактивно предавање да и ги разјасни дилемите на публиката околу комуникацијата и како ефикасно да соработуваат во деловната, но и во приватната средина.

Али Фенвик, ѕвезда на социјалните мрежи позната како „Модерен психолог“ кој го следат милиони луѓе и автор на бестселерот „Црвени знамиња, зелени знамиња“, во Ровињ ќе ја приближи темата за хуманизација на вештачката интелигенција. Фенвик се залага наместо зголемување на продуктивноста, ефикасноста и намалување на трошоците, фокусот да биде на човечкиот фактор во равенката на вештачката интелигенција. Според него хуманизацијата на вештачката интелигенција долгорочно може да го подобри нашето работење, правејќи нè префериран избор за клиентите и за вработените.

За домашната филмска сцена ќе зборува прославениот режисер, актер и сценарист Драган Бјелогрлиќ, а во крими серијалите ќе нè воведе Андрија Јарек, уредник на емисијата „Досие Јарек“. Поврзаноста на мозокот и технологијата ќе биде тема на д-р Тарек Самада, меѓународно признатиот невронаучник, познат и како „Доктор мозок“, додека за среќата ќе ни зборува никој друг туку професорот за среќа, Микаел Дален.

Пит Радович ќе нè воведе зад кулисите на Super Bowl, најголемиот медиумски спектакл во светот, додека Ида Пандур ќе се врати на темата за која се зборуваше на Weekend media фестивалот во 2021 година, поточно  „Воскреснувањето на  Web 3.0 “.  Димитрије Трбовиќ и Јурај Шебаљ ќе дискутирааат за парадигмата на односите помеѓу автомобилите на струја и на фосилни горива, додека американскиот новинар и критичар Боб Гарфилд ќе објасни зошто сите ние (медиумите) – сме жаргонски кажано „во банана!“

Но, тоа не е сè

Освен веќе најавените фестивали AI Weekend и HR.Weekend, овогодишниот Weekend Media фестивал ги отвора видиците и на полето на финансиите, па така саботата ќе биде резервирана за Finance Weekend Track,  во соработка со хрватската софтверска компанија Farseer. Овој нов момент на фестивалската програма носи длабока расправа за најновите трендови, иновациите и предизвиците кои го обликуваат финансискиот сектор. Со богата програма, Finance Weekend Track ќе ги собере клучните играчи на финансиската сцена, вклучувајќи го Луис А. Сека, директорот на RiskLab од Торонто, Борис Вујчиќ, гувернерот на Хрватската народна банка, Зоран Станковиќ, финансискиот директор на Атлантик Група, Матија Ковачевиќ, финансискиот директор на Хрватски Телеком, Матија Накиќ, извршен директор и сосновач на компанијата Farseer, и многу други.

Но, кога ќе се исклучат светлата во салите, забавата и дружењето продолжуваат на најдобрите забави, а прво најавеното име со своите битови сигурно ќе ја подигне на нозе Старата фабрика за тутун. Како шлаг на тортата во Ровињ доаѓа светски познатиот холандски DJ со успешна кариера во хаус музиката – Феде Ле Гранд, на прославата на 15-тиот роденден на CineStar Channels. CineStar Channels се водечки 7 филмски канали кои се емитуваат во 9 држави и оваа есен на Weekend media фестивал одбележуваат 15 години постоење.

Така што минатонеделното дружење на Максимир е само почеток на она што нè очекува во Ровињ, а веќе првите објавени имиња гарантираат незаборавен Weekend media фестивал. Сите новости за фестивалот, како и за котизациите и сместувањето можете да најдете на веб-страницата и друштвените мрежи на фестивалот: InstagramFacebookLinkedIn.

21.09.2013., Rovinj – Weekend Media Festival. One on one: Dragan Bjelogrlic
Photo: Jurica Galoic/PIXSELL

Поврзани новости